Меѓународен систем на мерни единици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународниот систем на единици (скратено SI од француското Le Système International d'Unités[1]) — современиот облик на метричкиот систем и е заснован на 7 основни и 2 дополнителни физички величини и единици. Овој систем е најкористениот мерен систем во светот, највеќе во трговијата и речиси целосно во науката.[2]
Стариот метрички систем содржеше неколку групи на единици. SI е развиен во 1960 година од стариот систем метар-килограм-секунда (mks), наспроти системот цантиметар-грам-секунда (cmgs) кој имаше повеќе варијанти. Бидејќи SI не е постојан, тој е менлив комплет од стандарди во кој се создаваат единици и дефинициите се менуваат според меѓународна согласност соодветно на напредокот на технологијата на мерење.
Системот е речиси насекаде прифатен, со мали исклучоци. Забележителен исклучок е САД, кој продолжува да ги користи вообичаените единици наспроти системот SI. Во Обединетото Кралство, префрлањето на системот SI е официјална политика, која сè уште не е завршена. Земјите кои сè уште употребуваат единици кои не се дел од SI (пр., САД) ги имаат предефинирано овие единици преку единиците на SI.