![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a6/Solar_tsunami.jpg/640px-Solar_tsunami.jpg&w=640&q=50)
Мортонов бран
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мортонов бран, Мортон-Ремзиев бран или Сончево Цунами е огромен хромосферски ударен бран врз сончевата корона. Тие се опишуваат како еден вид на сончево „цунами“,[1] и се предизвикани од сончеви блесоци. Овој ударен бран е наречен по американскиот астроном Гејл Мортон, кој работел во Сончевата Опсерваторија Локхид во Бурбенк, и Хари Е. Ремзи, кои го забележале во 1959 година во опсерваторијата Сакраменто Пик.[2][3][4] Тој ги открил на тајм-лапс фотографија на хромосферата за време на Балмер алфа преминот..
Следеле студии кои траеле со децении. Потоа, со лансирањето на Сончевата и Хелиосферската опсерваторија во 1995 година почнале да се набљудуваат короналните бранови, кои се причината за појава на Мортонови бранови. Мортоновите бранови повторно станале подрачје на научно истражување. (Инструментот ЕИТ на СОХО открил друг, различен тип на бранови наречени „ЕИТ бранови“.)[5] Постоењето на Мортоновите бранови (наречени и брзи МХД бранови) била потврдена и од двете вселенски летала СТЕРЕО. Тие забележале 100.000 километри висок бран од жешка плазма и магнетизам, кој се движел со брзина од 250 km/s, заедно со големо коронално исфрлање на маса во февруари 2009 година.[6] [7]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a6/Solar_tsunami.jpg/640px-Solar_tsunami.jpg)
Мортон измерил дека брановите се шират со брзина од 500 од1500 km/s.[6] Јутака Учида Мортоновите бранови ги сметал како брзи МХД ударни бранови кои се шират во короната.[8] Тој ги поврзува со тип II радио експлозиите, кои се празнења на радио бранови кои се создаваат при забрзување на ударите наво текот исфрлањата на короналната маса. [9]
Мортоновите бранови најчесто може да се забележат Х-алфа зоната. [10]