Насочувач
From Wikipedia, the free encyclopedia
Насочувач (или рутер, од англиски: router) — уред кој поврзува две или повеќе сметачки мрежи, и селективно насочува – испраќа податочни пакети помеѓу мрежите. Секој податочен пакет содржи адресни информации, со кои насочувачот може да ја определи одредницата и да процени дали изворот и одредницата каде е испратен пакетот е на истата мрежа или пак на друга мрежа до која ќе треба да биде префрлен пакетот. Кога повеќе насочувачи се користат во големи колекции на поврзани мрежи, насочувач разменува инфрмации за адресата на целниот систем, така што насочувачот гради насочувачка табела во која ги прикажува патеките помеѓу секои два система на поврзаните мрежи.