Оливија Њутн-Џон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оливија Њутн-Џон (26. септември 1948. - 8 август 2022 ) — австралиска пејачка, авторка на песни, и глумица родена во Британија. Таа била четири пати добитник на Греми којашто постигна дури пет Број 1 и десет други Топ 10 синглови[1] на Билборд Хот 100 листата и два Број 1 Билборд 200 соло албуми. Единаесет од нејзините синглови (вклучувајќи и два платинести) и 14 од нејзините албуми (вклучувајќи два платинести и четири двојно платинести) се сертифицирани златни од страна на РИАА. Нејзината музика е успешна во повеќе жанрови вклучувајќи поп, кантри, и возрасно современа музика и има продадено 100 милиони плочи низ целиот свет.[2] Таа глуми заедно со Џон Траволта во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј Брилијантин, кој го оформи еден од најуспешните музички теми во Холивудската историја.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оливија Њутн-Џон | |
---|---|
Њутн-Џон на премиерата на Неколку Добри Луѓе во Сиднеј, Австралија, 2012. | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 26 септември 1948 Кембриџ, Кембриџшаир, Англија, Обединетото Кралство |
Потекло | Мелбурн, Викториа, Австралија |
Жанрови |
|
Занимања |
|
Инструменти | Вокал |
Период на активност | 1963– |
Издавачи |
|
Соработници |
|
Мреж. место | olivianewton-john.com |
Њутн-Џон долго време била активист за животната средина и правата на животните. Откако преживеа рак на дојка во 1992,[3] таа била поборник за здравствената свест вклучувајќи се во добротворнии организации, здравствени производи и напори за собирање на финансиски средства. Нејзините бизнис интереси вклучуваат лансирање на неколку производни линии за Коала Блу и e ко-сопственик на Гаја Ритрит & Спа во Австралија.
Њутн-Џон се омажила двапати. Таа е мајка на една ќерка, Клое Роуз Латанзи, со нејзиниот прв сопруг, глумецот Мет Латанзи, a втор сопруг ѝ бил Џон Истерлинг.