Орбита
From Wikipedia, the free encyclopedia
Орбита — гравитациски закривена патека на телото околу точка во просторот, на пример орбитата на планета околу центарот на ѕвездениот систем, како што е Сончевиот Систем.[1][2] Орбитите на планетите се најчесто елиптични.
Моменталното познавање на механиката на орбиталното движење се заснова на Ајнштајновата општа теорија на релативитетот, која се занимава со гравитацијата како последица од закривеноста на време-просторот, со орбити кој се во согласност со геодезијата. За полесни пресметки релативноста се најчесто се претсметува приближно преку силата во теоријата за сеопфатна гравитација заснована на Кеплеровите закони за планетарни движења.[3]