Оториноларингологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оториноларингологија[1][2] — гранка на медицината што се занимава со болести на увото, носот и грлото.
Овие органи меѓу себе се функционално поврзани. Важна врска е единствената респираторна слузница, која се протега низ носните органи, параназалната шуплина, носниот дел од голтникот, гркланот, дишникот и дишницата. Најчести болести на увото, грлото и носот кај нашето население се следните: воспалителни болести (на надворешното и средното уво, слузокожите на носот и синусите, крајниците, голтникот, гркланот) кои можат да бидат заразни или алергиски, зачепување на ушниот канал[3] (церумен), зуење во ушите (тинитус), вртоглавица (вертиго), наглувост (сурдитас), полипи, тумори итн. Иако оториноларингологијата се занимава со болести на одредени органи, не смееме да направиме грешка да ги гледаме заболените органи како дел што може да се одвои од целината. При лекување на поленска кивавица, на пр., ги испитуваме и лечиме локалните знаци на општа сензибилизација на телото. Потребата од познавање на дишна алергија го доведува лекарот специјалист во блиска врска со алергологијата[4] како наука што поврзува многу медицински струки.