Парламент на Нов Зеланд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Парламентот на Нов Зеланд (англ. Parliament of New Zealand) се состои од Кралицата на Нов Зеланд (Queen of New Zealand) и Претставничкиот дом (New Zealand House of Representatives) и, сѐ до 1951, Законодавниот совет (New Zealand Legislative Council). Меѓутоа најчесто луѓето претставничкиот дом погрешно го нарекуваат „парламент“. Претставничкиот дом обично се состои од 120 члена, т.е. пратеници, моментално 121 (окт.2008). Пратениците се бираат директно, по пат на општонародни избори. Нов Зеланд го следи Вестминстерскиот модел на управување, со влада преводена од кабинет на чие чело стои премиер изгласан од претставничкиот дом.
Парламент на Нов Зеланд | |
---|---|
Тип | |
Тип | |
Houses | Претставнички дом |
Водство | |
Претседател на Претставничкиот дом | |
Места | 120 пратеници |
Зборно место | |
Парламентарен дом, Велингтон, Нов Зеланд | |
Мрежно место | |
www.parliament.nz |
Претседател на Парламентот на Нов Зеланд e Локвуд Смит од Националната партија, кој стапил на функција на 9 декември 2008.
Парламентот е сместен во Велингтон, главниот град на државата уште од 1865 г. Моментално заседава новиот 49ти новозеландски парламент (ноември 2008).