Парохиска црква Уртијеи
Католичка црква / From Wikipedia, the free encyclopedia
Парохиската црква Уртијеи сместена во градот Уртијеи во Вал Гардена во Јужен Тирол, Италија е посветена на Богојавление и на Свети Улрих.
Изграденa е во годините 1792 – 1796 година во неокласичен стил со некои барокни елементи од тиролскиот мајстор Џозеф Абентунг и внатрешните куполи насликани од тиролските браќа Франц Ксавер и Јозеф Кирхебнер. Структурата на црквата е во форма на латински крст со централен кораб и две странични капели посветени на Пресветото Срце Исусово и на Пресвета Богородица Бројаница .