Пешачник
пешачка патека долж една улица / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пешачник, плочник или тротоар (француски: trottoir) — пешачка патека долж една улица. Обично се прават од асфалт, цемент, тули, камен или гума. Во XIX век и раниот XX век, на некои места често можело да се најдат и пешачници од дрво. Ваквите пешачници можат сѐ уште да се најдат на крајбрежни места во облик на шеталишта. Кога е потребно да се даде привлечност на еден пешачник се користат камени плочи (плочник). На други места се користат претходно изработени цементни плочи кои се вградуваат во ископани леи. Пешачниците најчесто имаат рабници кои ги двојат од самата улица.