Пиза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пиза (италијански: Pisa) — италијански град сместен на реката Арно во регионот Тоскана и главен град на истоимената покраина. Овој град е познат по многубројните културно-историски споменици, од кои најзначајна е Кривата кула, висока 56 метри, изградена во 12 век.
Овој италијански град е родно место на научникот Галилео Галилеј. Во овој град се наоѓа најзначајниот аеродром во овој регион, Аеродромот Галилео Галилеј и исто така Пиза е седиште на три важни универзитети и бројни истражувачки центри.