Пламени кули
облакодери во Баку, Азербејџан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пламени кули (азерски: Alov qüllələri, англиски: Flame Towers) — група облакодери во Баку, Азербејџан и највисоко здание во градот со 190 м. Се состои од станови, хотел и деловни простории. Изградбата чинела околу 350 милиони долари, започнала во 2007, а завршила во 2012 г.[4] Архитект на проектот е ателјето „Хелмут, Обата и Касбаум“, под раководство на работите во „ДИА Холдинг“, а како изведувач се јавиле „Хил интернешанал“.[5]
Кратки факти Пламени кули, Општи податоци ...
Пламени кули | |
---|---|
Alov qüllələri | |
Пламените кули во 2015 г. | |
Општи податоци | |
Статус | Завршена |
Вид | деловна, станбена, хотел, трговски центар |
Стил | висококатница, стакло |
Место | Баку, Азербејџан |
Почната | октомври 2007 |
Отворена | 2013 |
Трошок за изградба | 350 млн. долари |
Сопственик | Азинко дивелопмент ММК |
Висина | |
Покрив | 182 м — I кула[1] 165 м — II кула[2] 161 м — III кула[3] |
Технички податоци | |
Катови | 33/30/28 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Хелмут, Обата и Касбаум |
Статичар | Балкар Мухендислик |
Главен изведувач | ДИА Холдинг Азербејџан |
Затвори
Комплексот се состои од три кули: Јужна, Источна и Западна. Фасадите воедно имаат улога на џиновски приказници опремени со преку 10.000 силни расветни тела со светлечки диоди.
Во јуни 2014 г. во приземните простории на комплексот е отворен автосалон на „Ламборгини“.