Повелба за фундаменталните права на Европската Унија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија штити одредени политички, општествени и економски права на граѓаните и жителите на Европската Унија (ЕУ), во правото на ЕУ. Таа беше изготвена од страна на Европската конвенција и свечено прогласена на 7. Декември 2000 година од страна на Европскиот Парламент, Советот на министри и Европската комисија. Сепак, нејзиниот тогашен правен статус беше неизвесен и немаше целосен правен ефект до стапувањето во сила на Договорот од Лисабон на 1. Декември 2009 година.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Во согласност со Повелбата, Европската Унија (ЕУ) мора да дејствува и донесува закони доследно со Повелбата и судовите на ЕУ ќе го соборат законодавството на ЕУ кое ја прекршува истата. Повелбата се однесува само на земјите-членки на ЕУ во моментот кога тие го спроведуваат правото на ЕУ и не ги проширива надлежностите на правото на ЕУ надвор од надлежностите определени во договорите.