Полошка Котлина
котлина и историско-географска област во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Полог или Полошка Котлина — котлина и историско-географски регион во северозападниот дел на Македонија, со површина од околу 400 км2. Поделен е на два дела: Горен (Горни) Полог (во Гостиварско) и Долен (Долни) Полог (во Тетовско) и се протега во меридијански правец север - југ. Во Полог живеат околу 304.125 жители (2002) од кои Македонците претставуваат околу 18,4%, мнозинството се Албанци (73,2%), а во помала мера се застапени Турци, Роми и други. Тетово и Гостивар се најголемите населени места во Полог.
- Полог води тука. За други значења видете на појасннителната страница
Кратки факти Полог, Надм. висина ...
Полог | |
---|---|
Воздушен поглед на Полог | |
Надм. висина | 500 м |
Географија | |
Местоположба | Република Македонија |
Нас. места | Тетово, Гостивар |
Затвори