Проституција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Проституција претставува дејност или пракса на ангажирање во сексуална активност во замена за одреден надомест во пари или во производи.[1][2] Проституцијата се опишува како сексуални услуги или комерцијален секс, а колоквијално се нарекува курвање. Исто така, таа се опишува со примена на еуфемизмот „најстариот занает“.[3][4] Лицето кое се занимава со проституција се нарекува проститутка или сексуален работник (работничка), а колоквијалниот израз е „курва“.