Рене Лакост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан Рене Лакост 2 јули 1904 - 12 октомври 1996 бил познат француски тенисер и стопанственик, наречен „крокодилот“ од навивачите поради своето кавгаџиство на теренот. Денес е најпознат како основач на марката на спортска опрема „Лакост“ со знакчето на алигаторот.
Во периодот од 1920-1930 бил еден од најдобрите светски тенисери и број еден во 1926 и 1927. Во 1933 ја основал фирмата за спортски маички со Андре Гилие. Во 1963 вовел револуција во технологијата на тениските рекети со употребата на челични цевки за рамот, наместо дотогаш стандардните дрвени рамки.