Роберт Емет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Роберт Емет (ирски и англиски: Robert Emmet, 4 март 1778 – 20 септември 1803) бил ирски републиканец, и ирски националистички патриот, оратор и бунтовнички водач. Откако водел бунт против британското владеење во 1803 година бил заробен, а потоа бил суден и погубен за велепредавство против британскиот крал Џорџ III.[1]
Роберт Емет | |
---|---|
Портрет на Емет направен за време на неговото судење. | |
Роден | 4 март 1778(1778-03-04) Даблин, Ирска |
Починал | 20 септември 1803(1803-09-20) (возр. 25) Даблин |
Држава | Обединети Ирци |
Служба | 1793–1803 |
Чин | командир |
Заповедал со | Ирски бунт од 1803 |
Битки/војни | Бунт од 1798 Ирски бунт од 1803 |
Роднини | Томас Едис Емет |
Емет потекнувал од богато англо-ирско протестантско семејство, припадник на Црквата на Ирска, која сочувствувала со ирските католици и протестантските неистомисленици, особено во Алстер, како што се Презвитеријанците и нивната недоволна застапеност во парламентот. Семејството Емет исто така сочувствувало со бунтовничките колонисти или „патриоти“, учесници во американската револуција. Додека напорите на Емет да се буни против британското владеење пропаднале, неговите постапки и говори ги инспирираа неговите сонародници.[2]