Роџер Пенроуз (англиски: Roger Penrose; 8 август 1931
) — британски математичар, математички физичар, филозоф на науката и нобеловец по физика.[1] Тој е професор по математика „Роуз Бол“ во пензија на Оксфордскиот универзитет, предавач на колеџот „Вадам“ во Оксфорд и почесен соработник на колеџот „Сент Џон“, Кембриџ и Лондонскиот универзитетски колеџ.[2]
Кратки факти Роџер Пенроуз, Роден(а) ...
Роџер Пенроуз
|
---|
Пенроуз во 2011 година |
Роден(а) | 8 август 1931(1931-08-08) (92 г.) Колчестер, Англија |
---|
Полиња | Математичка физика, тесалации |
---|
Установи |
- Корнелов универзитет
- Колеџ Бетфорд, Лондон
- Принстонски универзитет
- Сиракузиски универзитет
- Кралски колеџ, Лондон
- Биркбек, Лондонски универзитет
- Колеџ Вадам, Оксфорд
- Чапманов универзитет
- Полска академија на науките
|
---|
Теза | „Тензорски метод во алгебраска геометрија T“ (1958) |
---|
Докторски ментор | Џон А. Тод |
---|
Други ментори | В. В. Д. Џоџ |
---|
Докторанди |
- Клод Лебрун
- Тристан Нидам
- Ричард Џозка
- Ричард С. Ворд
- Ендру Хоџис
- Ашгар Кадир
- Џон Мекнамара
- Лејн П. Хјустон
- Тим Постон
|
---|
Познат по |
Придонеси
- Мур–Пенроузова псевдоинверзност
- Роторна теорија
- Вртежна мрежа
- Abstract index notation
- Црно дупкова бомба
- Геометрија на време-просторот
- Космичка цензура
- Вејлова хипотеза за криви
- Пенроузови нееднаквости
- Пенроузово гледиште на квантната механика
- Диоси–Пенроузов модел
- Њуман–Пенроузов формализам
- ГХП формализам
- Пенроузов дијаграм
- Пенроузова нееднаквост
- Пенроузов процес
- Пенроузово поплочување
- Пенроузови скалила
- Пенроузово графичко запишување
- Пенроузова трансформа
- Пенроуз-Терелов ефект
- pp-бранов време-простор
- Шредингер–Њутнови равенки
- Квантовно спознание/Пенроуз–Лукасов аргумент
- FELIX-опит
- Заробена површина
- Андромедин парадокс
- Конформална циклична космологија
|
---|
Влијаел врз | - Мајкл Атија
- Стујарт Хамероф
|
---|
Поважни награди |
Награди
- Адамсова награда (1966)
- Хајнеманова награда (1971)
- Член на Кралското друштво (1972)
- Едингтонов медал (1975)
- Кралски медал (1985)
- Волфова награда (1988)
- Дираков медал (1989)
- Ајншатјнов медал (1990)
- Нејлорова награда и предавање (1991)
- Витез (1994)
- Награда „Џејмс Скот“ и предавање (1997–2000)
- Шварцшилдов медал (2000)
- Деморганов медал (2004)
- Далтонов медал (2005)
- Коплиев медал (2008)
- Фонсекова награда (2011)
- Нобелова награда за физика (2020)
|
---|
Сопружник | Џоан Изабел Ведџ (в. 1959) Ванеса Томас |
---|
Деца | 4 |
---|
Затвори
Пенроуз дал придонес во математичката физика на општата релативност и космологијата . Добитник е на повеќе награди и признанија, вклучувајќи ја и Волфовата наградата за физика во 1988 година, која ја споделил со Стивен Хокинг за Пенроуз-Хокинговите теореми за сингуларноста,[3] и една половина од Нобеловата награда за физика во 2020 година за „откривањето дека всушност создавањето на црните дупки е робусно предвидување на општата теорија на релативност“.[4][5][б 1]