Снелов закон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Снеловиот закон (познат и како Снел-Декартов закон или закон за прекршување) претставува формула која ја опишува врската меѓу упадниот агол и аголот на прекршување на (светлински) бран кога тој минува низ граничната површина меѓу две различни изотропни средини (вода, стакло, воздух и слично).
Овој закон се користи при трасирање на зраци, за пресметување на упадните агли или аглите на прекршување. Во експерименталната оптика служи за утврдување на показателот на прекршување на материјалите. Законот е задоволен и кај метаматеријалите, кај кои светлината може да се закриви „наназад“ - со негативен агол на прекршување.
Снеловиот закон гласи: Односот на синусот на упадниот агол θ1 и синусот на аголот на прекршување θ2 е еднаков на односот на брзините на ширењето на бранот во средината во која бранот упаѓа и брзината на средината во која се прекршува (v1 / v2), односно на реципрочниот однос на нивните индекси на прекршување:
Во формулата е агол измерен од нормалата на граничната површина меѓу средините, е брзината на светлината во соодветната средина, е брановата должина во соодветната средина, а е показателот на прекршување на средината.
Снеловиот закон следува од принципот на Ферма, кој, пак, произлегува од ширењето на светлината како бран.