Список на градови во Полска
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е список на градови во Полска. На прво место е дадена табела на најголемите населени места, а потоа следува целосен азбучен список. Треба да се има предвид дека во Полска град може да биде и населено место со помалку од илјада жители.
На 1 јануари 2018 г. во Полска имало 930 градови и гратчиња.
По големина, градовите се поделени вака:
- 1 град со повеќе од 1.000.000 жители
- 4 градови со 500.000 до 999.999 жители
- 6 градови со 250.000 до 499.999 жители
- 28 градови со 100.000 до 249.999 жители
- 891 градови со помалку од 100.000 жители