Српска уметност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Српска уметност – уметничките достигнување кои ги постигнале Србите на Балканскиот Полуостров. Нејзината историја почнува со доселувањето на Словените, односно Србите на просторот на Балканскиот Полуостров (VII век) кој тогаш се наоѓал под политичко и културно влијание на познатото Римско Царство, односно Византија. Први споменици на српската средновековна култура се архитектонските споменици од почетокот на IX век, од периодот на покрстувањето на Словените. Оттогаш па до денес, српската уметност ја обликувале политичките, економските и културните збивања кои ја зафатиле Европа и нејзината уметност, а во неа може да се забележат влијанија и на источната и на западната уметност.
Уметност | |
---|---|
Книжевност • Музика • Театри • Сликарство • Фотографии • Кинематографија | |
Традиција | |
Народни обичаи • Народна носија • Игри • Кујна • Сродни односи • Религија • Хералдика • Епска поезија | |
Споменици | |
Културно наследство • Музеи • Архитектура • Тврдини • Манастири • Светско наследство • Воени гробишта | |
Разно | |
Познати Срби • САНУ • Спорт • Дигитализација |
Историските епохи во српската уметност главно се поклопуваат со основните раздобја во историја на Србите.[1]