Српски народни обичаи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Српските народни обичаи потекнуваат од дамнешни времиња и се израз на старите верувања кај Србите, а некои од нив опстанале до ден денес. Народните обичаи често се проследени со разни таинствени и мистични дејствија кои народот ги правел во разни прилики и заради разни причини, верувајќи дека тие некако ќе помогнат.
Уметност | |
---|---|
Книжевност • Музика • Театри • Сликарство • Фотографии • Кинематографија | |
Традиција | |
Народни обичаи • Народна носија • Игри • Кујна • Сродни односи • Религија • Хералдика • Епска поезија | |
Споменици | |
Културно наследство • Музеи • Архитектура • Тврдини • Манастири • Светско наследство • Воени гробишта | |
Разно | |
Познати Срби • САНУ • Спорт • Дигитализација |
Целта на народните обичаи е различна, и може да биде:
- Да се заштити здравјето на членовите на домаќинството,
- Да се сочува и зголеми родот и имотот,
- Да заврне дожд и да ги натопи сувите полиња,
- Да се спречат или растурат облаци кои носат невреме,
- Да се придобие саканата личност,
- Да се излечи болниот,
- Да се наштети на одредена личност, итн.
Постојат многу народни обичаи: за секој настан, за секој празник, за секоја прилика или неприлика. Народните обичаи се менувале со текот на времето, се дополнувале и нивниот број се зголемувал.
Србите се народ со богата традиција која во разни историски околности се менувала или се соочувала со искушение да опстане. Сепак, многу од обичаите со тек на времето биле или изгубени или потиснати. Денес постои тенденција во рамките на српскиот ентитет да се обнови дел од обичаите, да се модифицираат и да се вткаат во современиот живот. Најзастапени и најпознати обичаи кај Србите се обичаите поврзани со животниот циклус, обичаите поврзани со раѓањето, крштевањето, бракот, служењето во војска, смртта итн. Колку е важно да се сочуваат обичаите искажано е со поговорката „подобро е земја да продадеш отколку обичај да изгубиш“.[1]
Вук Караџиќ запишал голем број од обичаите на својот народ и благодарение на тоа тие опстанале до ден денес, иако многу од нив повеќе никој не ги користи. Во поново време со народните обичаи на српскиот народ се занимавал и етнологот Веселин Чајкановиќ.