From Wikipedia, the free encyclopedia
Стопански раст (или економски раст) — зголемувањето на општиот обем на производство на стоките и услугите во економијата. Обично, економскиот раст се пресметува и изразува како процентуално зголемување на бруто-домашниот производ во однос на претходниот временски период.
Економија |
Економија по региони |
Општи аспекти |
---|
Историја на економските теории |
Методологија |
Поведение · Информациска |
Специјалности и субспецијалности |
Развој · Раст · Историја |
Списоци |
Журнали · Публикации |
Економски идеологии |
Портал економија |
Британскиот економист Николас Калдор неведува шест основни емпириски факти за стопанскиот раст:[1]
период | годишна стапка на раст (%) |
---|---|
1870-1890 | 1,2 |
1890-1910 | 1,5 |
1910-1930 | 1,3 |
1930-1950 | 1,4 |
1950-1970 | 3,7 |
1970-1990 | 2,2 |
период | годишна стапка на раст (%) |
---|---|
1900-1913 | 1,2 |
1913-1950 | 0,4 |
1950-1973 | 2,6 |
1973-1987 | 2,4 |
Врската помеѓу финансискиот систем и стопанскиот раст е предмет на долгогодишни дебати при што економистите искажуваат различни ставови во однос на оваа врска. На пример, според Bagehot и Hicks, финансискиот систем одиграл клучна улога во поттикнувањето на индустријализацијата во Англија, овозможувајќи мобилизација на капитал за „огромните потфати“.[4][5] И Шумпетер истакнува дека добро развиениот банкарски систем ги поттикнува технолошките иновации со наоѓање на претприемачите со најдобри шанси за успешни иновативни производи и производни процеси. Тој утврдил дека иновацијата и претприемништвото можат да влечат напред само кога економијата успешно го мобилизира штедењето, ефикасно ги алоцира ресурсите, го смалува ефектот на информациона асиметрија и го подобрува управувањето со ризикот, што се услуги кои ги обезбедува модерниот финансиски сектор.[5] Спротивно на ова, Џоан Робинсон тврди дека „онаму каде претпријатието води, финансиите следат“. Според ова гледиште, стопанскиот развој создава побарувачка за одредени видови финансиски производи, па тој го поттикнува финансикиот развој, а не обратно.[6]
Постојат бројни емпириски истражувања кои ја проучуваат врската меѓу финансискиот развој и стопанскиот растеж. На пример, користејќи податоци за 35 земји во периодот од 1860 до 1963 година, Голдсмит заклучува:[7] прво, помеѓу стопанскиот и финансискиот развој може да се повлече груба паралела, доколку се разгледува подолг период од неколку декади; второ, во некои од земјите постои индикации дека периодите на забрзан стопански раст биле придружувани со натпросечна стапка на финансиски развој. Кинг и Левин во својата студија проучуваат 80 земји во периодот од 1960 до 1989 г. Тие користат четири мерки за нивото на финансискиот развој: ликвидните обврски на финансискиот сектор во однос на БДП, односот на распределбата на кредитите меѓу комерцијалните банки и централната банка, коефициентот на кредитите на приватни корисници во однос на домашните кредити (освен кредити на банките), и коефициентот на кредитите на приватни корисници во однос на БДП. Потоа тие ја оценуваат емпириската поврзаност на секој од четирите индикатори на финансискиот развој и три индикатори на раст, тоа се: просечната стапка на раст на БДП по глава на жител, просечната стапка на раст на капитал по жител и вкупниот раст на продуктивноста. Тие заклучуваат дека постои силна позитивна поврзаност помеѓу четирите индикатори на финансиски развој со трите индикатори на раст.[8] Левин и други (2000) ја истражуваат врската меѓу финансискиот сектор и стопанскиот развој во периодот од 1960 до 1995 година и утврдуваат дека егзогените компоненти на развојот на финансиските посредници се позитивно и силно поврзани со стопанскиот развој.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.