Супермасивна црна дупка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Супермасивна црна дупка (СЦД) — најголемиот вид на црна дупка, со големина од илијадници па сè до милијарди сончеви маси. Повеќето а најверојатно сите галаксии соджат супермасивна црна дупка во средиштето.[2][3] Во случајот на Млечниот Пат, СЦД се претпоставува дека одговара со местоположбата на Стрелец A*.[4]
Супермасивните црни дупки имаат својства кои ги разликуваат од маломасивните класификации. Прво, просечната густина на супермасивната црна дупка (определена масата на црната дупка поделена со зафатнината во Шварцшилдовиот полупречник) може да биде помала од гстината на водата како што е случајот кај некои супермасивни црни дупки.[5] Ова се должи на фактот што Шварцшилдовиот полупречник е директно зависен од масата, додека пак густината е обратнопропорционално зависна од густината. Знаејќи дека зафатнината на топчест објект (како што е хоризонтот на случувањто за невртежни црни дупки) е правопопорционален на кубот од полупречникот, густината на црната дупка обратнопропорционална на квадратото од масата, и на тој начин црните дупки со поголеми маси имаат помала просечна густина. Во продолжение, плимните сили во близината на хоризонтот на случувањто се значително послаби за масивните црни дупки. Како и со густината, плимната сила на тело во хоризонтот на случувањето е обратнопропорционално на квадратот од масата: личност на површината од Земјата и друга на површината од хоризонтот на случувањата на 10 милиони сончево масивни црни дупки е иста како плимната сила меѓу главата и стапалата на еден човек. За разлика од ѕвездените црни дупки, овде нема да се почувствува ефектот на значителната плимна сила сè додека не се пристигне во длабочините на црната дупка.