Таупо (езеро)
езеро на Северниот Остров на Нов Зеланд / From Wikipedia, the free encyclopedia
Таупо (маорски: Taupo) — езеро на Северниот Остров на Нов Зеланд. Со површина од 616 км², ова е најголемото езеро во Нов Зеланд и воопшто во Океанија.
Кратки факти Таупо Taupo, Подрачје ...
Таупо Taupo | |
---|---|
Поглед на езерото Таупо | |
Подрачје | округ Таупо, регион Ваикато, Северен Остров |
Координати | 38°49′S 175°55′E |
Вид | кратерско езеро, олиготрофно |
Главни приливи | Ваитахануи, Тонгариро, Тауранга Таупо |
Главни истеци | Ваикато |
Слив | &100000000000034870000003.487 км2 |
Сливни земји | Нов Зеланд |
Најг. должина | 46 км |
Најг. ширина | 33 км |
Површина | &10000000000000616000000616 км2 |
Прос. длабочина | 110 м |
Најг. длабочина | 186 м |
Зафатнина | 59 км3 |
Проточност | 10,5 г. |
Брег | 193 км |
Надм. височина | 356 м |
Острови | Мотутаико (11 ха)[1][2] |
1 Бреговата должина не е добро определена мерка. |
Затвори
Таупо има обиколка од околу 193 километри, а најголемата длабочина изнесува 186 метри. Езерото се празни во реката Ваикато (најдолгата во земјата), а поважни притоки се Ваитахануи, Тонгариро и Тауранга Таупо. Познато е по богатиот рибен фонд од речна и калифорниска пастрмка (донесени во XIX век).