Тенедос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тенедос (грчки: Τένεδος Tenedhos) или Бозџаада (турски: Bozcaada) — остров во Турција во североисточниот дел на Егејското Море. Административно, островот ја претставува областа Бозџаада во провинцијата Чанаккале. Со површина од 39,9 км2, тој е трет по големина турски остров по Имброс (Gökçeada) и Мармара. Во 2011 година, областа имала население од 2.472 луѓе. Главните индустрии се туризмот, производството на вино и риболовот. Островот е познат по своето грозје и вина со векови.
Тенедос Бозџаада | |
---|---|
Земја | Турција |
Покраина | Чанаккале |
Управа | |
• Градоначалник | Хакан Џан Јилмаз (РНП) |
• Кајмакам | Мустафа Акин |
Површина[1] | |
• Област | 42,63 км2 (1,646 ми2) |
Население (2012)[2] | |
• Градскo | 2.465 |
• Област | 2.465 |
• Област густина | 0,58/км2 (1,5/ми2) |
Поштенски број | 17680 |
Мреж. место | www.bozcaada.bel.tr |
Како Тенедос, островот се споменува и во Илијада и во Енеида. Во Енеида се споменува како место каде што Грците ги криеле нивните флоти во близина кон крајот на Тројанската војна, со цел да ги измамат Тројанците да веруваат дека војната е завршена и да го внесат Тројанскиот коњ во нивните градски ѕидини. Островот бил важен во текот на класичната антика и покрај неговата мала големина, главно поради неговата стратешка местоположба на влезот на Дарданелите. Во следните векови, островот бил под контрола на повеќе регионалните сили, вклучувајќи го Ахеменидското Царство, Делијанската лига, Македонското Царство на Александар Велики, Кралството Пергам, Римското Царство и нејзиниот наследник, Византија, пред да помине под контрола на Република Венеција. Како резултат на Војна за Киоџа (1381) помеѓу Џенова и Венеција, целото население било евакуирано и градот бил срушен. Отоманското Царство ја воспоставила контролата над напуштениот остров во 1455 година. За време на османлиското владеење, островот бил населен од Грците и од Турците. Во 1807 година, островот бил привремено окупиран од Русите. За време на оваа инвазија, градот бил запален, а голем број турски жители го напуштиле островот.
По грчката администрација помеѓу 1912 и 1923 година, Тенедос бил отстапен според Договорот од Лозана на новата Турска Република што била основана со распаѓањето на Отоманското Царство во 1923 година. Договорот повикувал на квазиавтономна администрација за сместување на локалното грчко население и ги исклучил Грците од двата острови од пошироката размена на населението што се одвивало помеѓу Грција и Турција. Тенедос останал со мнозинско грчко население до крајот на 1960-тите и раните 1970-ти, кога многу Грци емигрирале поради системска дискриминација и подобри можности на друго место. Запчнувајќи од втората половина на XX век, постоело имиграција од копното на Анадолија, особено од градот Бајрамич.