Тенка сина линија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тенка сина линија (на англиски: Thin blue line) е популарна фраза, симбол и донекаде општествено движење кое ја поддржува работата на полициските служби и другите агенции кои работат на спроведување на законите. Денес најмногу е популарно во земјите чиј службен јазик е англискиот, особено во САД каде доаѓа на низа негодувања поради политичко перцепирање и поврзување со политичкото движење Blue Lives Matter. Самиот назив потекнува од Обединетото Кралство како аналогија на терминот Тенка црвена линија, користен во чест на храброста и сплотеноста на британските војници при воена акција во Битката кај Балаклава, Крим, 1854 година.