Тројанец (астрономија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тројанец — мало небесно тело (најчесто астероид) кое дели орбита со поголемо тело и останува во стабилна орбита околу 60° пред или зад главното тело близу една од неговите Лагранжови точки L4 и L5. Можат да ги делат орбитите на планети или на големи месечини.
Тројанците се еден вид на коорбитално тело. Во оваа поставеност, една ѕвезда и една планета кружат околу заедничко тежиште, кое е блиску до средиштето на ѕвездата бидејќи таа е обично многу помасивна од кружечката планта. Од своја страна пак, ммогу помала маса од ѕвездата и планетата, сместена во една од Лагранжовите точки на системот ѕвезда-планета, претрпува збирна гравитациска сила која делува преку ова тежиште. Затоа, најмалото тело кружи околу тежиштето со истиот орбитален период како планетата, и составот може да остане стабилен низ времето.[1]
Во Сончевиот Систем, највеќето познати тројанци ја делат орбитата на Јупитер. Поделени се на Грчки табор во L4 (пред Јупитер) и Тројански табор во L5 (зад Јупитер). Се смета дека постојат преку милион Јупитерови тројанци поголеми од еден километар,[2] од кои повеќе од 7.000 денес се каталогизирани. Во другите планетарни орбити до денес се пронајдени само 9 Марсови тројанци, 28 Нептунови тројанци, два Уранови тројанци и еден Земјин тројанец. Познат е и еден привремен Венерин тројанец. Бројчените симулации на орбиталната динамика покажуваат дека Сатурн и Уранверојатно немаат изворни тројанци.[3]
Истата поставеност може да се јави кога главното тело е планета, а споредното е една од месечините, каде многу помалите тројански месечини може да ја имаат неговата орбита. Сите познати тројански месечини се дел од Сатурновиот систем. Телесто и Калипсо се тројанци на Тетида, а Елена и Полидевк на Диона.