Турци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Турците се туркиски народ[2] генерално поврзан со Турција и со турскиот јазик. Турците настанале со мешање на туркиските племиња со индоевропските народи (Персијците, Ерменците, Грците, Курдите и Словените). Бројноста на Турците е околу 80[1] милиони луѓе од кои најголемиот дел живее во матичната земја Турција, а големи турски заедници има и во Германија (околу 2,7 милиони[3]), Бугарија (800 илјади[4]), Кипар (180 илјади или 18,3% од вкупното население, претежно населени во северниот дел), Грција, Белгија, Франција, САД итн. Според пописот од 2002 година, во Република Македонија како Турци се изјасниле 77.959 луѓе. Според верската припадност, мнозинството Турци (околу 98%) му припаѓаат на сунитскиот ислам.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |