ФК Колумбус Кру
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Колумбус Кру е американски фудбалски клуб со седиште во Колумбос, Охајо. Екипата се натпреварува во МЛС лигата како член на Источната конференција, а своето прво појавување во ова натпреварување го имале во 1996 година како еден од десетте основачки клубови на лигата.[1] Со клубот моментално управува сопственичка група предводена од семејството Хаслам и поранешниот клупски доктор Пит Едвардс. Групата Хаслам / Едвардс е третиот сопственик во клупската историја.
Колумбус Кру | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Целосно име | ФК Колумбус Кру | ||
Држава | ![]() | ||
Основан | 15 јуни 1994 | ||
Бои | жолта и црна | ||
Стадион | Мапфре Колумбус, Охајо | ||
Капацитет | 19,968 | ||
Сопственици | Ди и Џими Хаслам | ||
Престседател | Тим Безбатченко | ||
Тренер | ![]() | ||
Лига | МЛС | ||
2020 | Западна Конференција: 3-ти Вкупно: 4-ти Плејоф: Шампиони | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
![]() |
Клубот бил основан во 1994 година како Колумбус Кру. Од 1999 година, Кру ги играат својте домашни натпревари на стадионот Мапфре, првиот специфичен фудбалски стадион некогаш изграден за клуб од МЛС, кој почнувајќи од сезоната 2015 е со капацитет од 19.968 седечки места. Од 1996 до 1998 година, клубот ги играл своите домашни натпревари на стадионот Охајо во кампусот на Државниот универзитет во Охајо.[1] Во 2014 година, клубот поставил рекорд за најмногу распродажби на сите седечки места на стадионот за време на своите натпревари.[2]
Колумбус Кру досега има освоено шест големи трофеи: МЛС купот во 2008 и 2020, Supporters' Shield во 2004, 2008, и 2009, и Отворениот куп на САД во 2002. Покрај тоа, клубот се пласирал во КОНКАКАФ Лигата на шампионите (или нејзиниот претходник, КОНКАКАФ Купот на шампионите) четири пати, стигајќи до четвртфиналето во првите три наврати.