Финале на УЕФА Лигата на нации 2019
From Wikipedia, the free encyclopedia
Финалето на УЕФА Лигата на нации 2019 бил фудбалски натпревар со кој се одредил победникот на завршниот турнир на УЕФА Лигата на нации 2018-2019. Ова исто така било првото финале на УЕФА Лигата на нации, меѓународно фудбалско натпреварување на кое учествувале машките национални репрезентации чиј федерации се членки на УЕФА.[4]
Кратки факти Првенство, Португалија ...
УЕФА Лигата на нации 2019 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Стадионот Драгао во Порто бил домаќин на финалето | |||||||
Првенство | Завршен турнир на УЕФА Лигата на нации 2019 | ||||||
| |||||||
Датум | 9 јуни 2019 (2019-06-09) | ||||||
Стадион | Драгао, Порто | ||||||
Играч на натпреварот | Рубен Дијас (Португалија)[1] | ||||||
Судија | Алберто Ундијано Малјенко (Шпанија) | ||||||
Гледачи | 43,199[2] | ||||||
Временски прилики | Делумно облачно 16 °C (61 °F) 56% влажност[3] | ||||||
2021 → |
Затвори
Натпреварот се одиграл на 9 јуни 2019 година на Драгао во Порто, Португалија, и во него се сретнале домаќинот Португалија и Холандија. Португалија победила во финалето со 1-0 и станала прв шампион на УЕФА Лигата на нации.