Флавоноид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Флавоноиди (од латинскиот збор flavus што значи жолто) се класа на растителни вторични метаболити.
Хемиската структура им се состои од скелет изграден од 15-јаглеродни атоми, кој се состои од два фенилни прстени (A и B) и хетероцикличен прстен (C). Оваа јаглеродна структура скратено се запишува C6-C3-C6. Според номенклатурата на МСЧПХ,[1][2] можат да бидат класифицирани на:
- флавоноиди или биофлавоноиди
- изофлавоноиди, деривати на 3-фенилхромен-4-он (односно 3-фенил-1,4-бензопирон)
- неофлавоноиди, деривати на 4-фенилкумарин (односно 4-фенил-1,2-бензопирон)