Фудбалска репрезентација на Мароко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Мароко го претставувa Мароко на меѓународните фудбалски натпрварувања и е под контрола на мароканскиот фудбалски сојуз (الاتحادية الجزائرية لكرة القدم). Прекар на репрезентацијата е Irzem n Atlasi (македонски: Лавовите од Атлас).
Сојуз | Фудбалски сојуз на Мароко | |||
---|---|---|---|---|
Конфедерација | КАФ (Африка) | |||
Селектор | Вахид Халилхоџиќ | |||
Капитен | Ромен Сајс | |||
Најмногу настапи | Нуредин Најбет (140) | |||
Најдобар стрелец | Ахмед Фарас (42) | |||
Домашен стадион | Стад Адрар, Маракеш | |||
ФИФА код | MAR | |||
| ||||
Пласман на рангирањето на ФИФА | ||||
Моментално | 53 (11 август 2013) | |||
Највисок | 10 (април 1998) | |||
Најнизок | 95 (септември 2010) | |||
Прв меѓународен натпревар | ||||
Мароко 3–3 Ирак (Либан; 19 октомври 1957) | ||||
Најголема победа | ||||
Мароко 13–1 Саудиска Арабија (Мароко; 6 септември 1961) | ||||
Најлош пораз | ||||
Унгарија 6–0 Мароко (Јапонија; 11 октомври 1964) | ||||
Светско првенство | ||||
Учества | 4 (првпат во 1970) | |||
Најдобар резултат | осминафинале 1986 | |||
Африкански куп на нации | ||||
Учества | 15 | |||
Најдобар резултат | победници, 1976 |
Репрезентацијата досега петнаесет пати учествувала на Африканскиот куп на нации, а победници се на турнирот во 1976. Досега исто така имаат и 4 настапи на завршницата на Светските првенства, каде тие станале првата африканска нација која успеала да ја мине групната, откако тоа им пошло од рака во 1986 година завршувајќи пред три европски репрезентации Португалија, Полска и Англија. Меѓутоа, во осминафиналето биле елиминирани од подоцнежниот вицешампион Западна Германија со 1-0, и тоа осминафинале останува нивниот најдобар резултат на Светските првенства до денес, иако тие биле блиску да ја минат групната фаза и на првенството во 1998 кога ги делеле само две минути од пласман понатаму, меѓутоа доцниот погодок на Кјетил Рекдал за Норвешка против Бразил ги одвел Норвежаните понатаму и го елиминирал Мароко.