Ханс Бете
германско-американски физичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ханс Албрехт Бете (2 јули 1906 - 6 март 2005 ) — германско-американски јадрен физичар кој направил значаен придонес кон астрофизиката,квантната електродинамика и физиката на цврсто тело, добитник на Нобеловата награда за физика во 1967 година за неговата работа за теоријата на ѕвездена нуклеосинтеза.[1][2]
Ханс Бете | |
---|---|
Роден(а) | Ханс Албрехт Бете јули 2, 1906(1906-07-02) Стразбур, Германија |
Починал(а) | март 6, 2005(2005-03-06) (возр. 98) Итака, Њуjорк, САД |
Живеалиште | Германија САД |
Националност | Германец американец |
Полиња | Јадрена физика |
Установи |
|
Образование | Франкфуртски универзитет Минхенски универзитет |
Докторски ментор | Арнолд Зомерфелд |
Докторанди |
|
Други значајни студенти | Фриман Дајсон |
Познат по |
|
Поважни награди |
|
Сопружник | Роза Евалд (ож.1939; две деца) |
Потпис |
Во поголемиот дел од својата кариера, Бете бил професор на Корнеловиот универзитет.[3] Во текот на Втората светска војна, тој бил одговорен за теорискиот оддел во тајната лабораторија Лос Аламос, која ги создаде првите атомски бомби. Таму тој имал клучна улога во пресметувањето на критичната маса на бомбите, како и развивањето на теоријата за имплозивниот метод кој се користел при Тринити и Дебелко, бомбата која била фрлена на Нагасаки.
По Втората светска војна Бете, исто така, одиграл важна улога во развојот на водородната бомба, иако тој првично се приклучил на проектот со надеж дека ќе докаже дека не можно да се направи. Бете подоцна заедно со Алберт Ајнштајн и Итниот одбор на атомските научници против јадрени тестирања и јадрената трка за вооружување. Тој помогнал да ја убеди администрацијата на Кенеди и Никсон да го потпишат Договорот за делумна забрана на јадрени тестирања во 1963 и Противбалистичкиот ракетниот договор и САЛТ.
Тој не престанал со својата истражувачка работа и продолжил да објавуваа трудови и во неговите деведесетти години, што го прави еден од ретките научници кои објавиле барем еден голем труд во својата област во текот на секоја деценија од неговата кариера, во неговиот случај станува збор за седумдесет години. Фриман Дајсон, кој бил еден од неговите студенти, својот учител го нарекол „Врвен решавач на проблеми во XXвек“.[4]