Хармониски треперник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хармониски треперник (или хармониски осцилатор) — систем во класичната механика, на којшто, кога ќе му биде нарушена рамнотежната состојба, сè создава повратна сила, F, пропорционална на поместувањето, x:
каде k е позитивна непроменлива.
Ако F единствената сила која делува на системот, сситемот се нарекува едноставен хармониски треперник, и е подложен на едноставно хармониско движење: синусоидно треперење околу рамнотежна точка, со постојан замав (амплитуда) и постојана честота (која не зависи од замавот).
Ако имаме сила на триење (придушување) пропорционална на брзината, хармонискиот треперник се опишува како придушен треперник. Во зависност од коефициентот на триење, системот може:
- Трепери со фрквенција помала отколку таа во непридушениот случај, и замав кој се намалува со текот на времето (подпридушен треперник).
- Се враќа во рамнотежната положба, без треперење (презадушен треперник).
Граничното решение меѓу подпридушен треперник и презадушен треперник се случува при одредена вредност на коефициентот на триење, која се нарекува „критично придушување“.
Ако е присутна временско зависна сила, хармонискиот треперник се опишува како присилен треперник.
Механичките примери вклучуваат нишало (со малоаголни поместувања), маси поврзани на пружини, и акустични системи. Други подеднакви системи вклучуваат електрични хармониски треперења како што се RLC кола. Моделот на хармонискиот треперник е од важност за физиката, бидејќи секоја маса која е под дејство на силаво стабилна рамнотежа се однесува како хармониски треперник за мали вибрации. Хармониските треперници ги има насекаде во природата и се искористуваат во многу уреди направени од човекот, како што се часовници и радио кола. Тие се создавачи на сите синусоидни вибрации и бранови.