Херман Мелвил
From Wikipedia, the free encyclopedia
Херман Мелвил (1 август 1819 – 28 септември 1891) бил американски писател, есеист и поет. Тој е најпознат по романите „Моби Дик“ и „Били Бад“ (објавен посмртно). Неговите први три книги постигнале голем успех при што првата книга, „Тајпи“, станала бестселер, но неговата популарност драстично опаднала во средината на 1850-тите години. Оттука, кога починал во 1891 година, тој бил речиси целосно заборавен. На почетокот од 20 век, неговото творештво повторно стекнало признание, особено романот „Моби Дик“ кој се смета за ремек-дело на американската и на светската литература. Тој е првиот писател чиишто дела се собрани и објавени од Библиотеката на САД.
Кратки факти Херман Мелвил, Занимање ...
Херман Мелвил | |
---|---|
Мелвил во 1860 г. | |
Занимање | романописец, учител, морнар, книжевник, поет, инспектор на царина |
Националност | Американец |
Жанр | патописи, раскази, готски романтизам, алегорија |
Книжевно движење | романтизам и скептицизам; претходник на модернизмот, апсурдизмот и егзистенцијализмот |
Потпис |
Затвори