Христијанството во Буркина Фасо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Христијанството во Буркина Фасо е една од двете најголеми религии во државата. Другата е Исламот, која е нешто поголема од Христијанството. Двете религии се под силно влијание на анимизмот и локалните религии. Проценките велат дека од 20 до 30 проценти од населението на државата се Христијани. Популарна буркинска изрека вели дека „50% од населението се Христијани, 50% се Муслимани, а 100% Анимисти“. Ова ја покажува религиската слика на државата на сликовит начин.