Христијанството во Мавританија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Христијанството во Мавританија е малцинска религија. Во државата има околу 4.500 Христијани, Католици. Целата територија на Мавританија е една бискупија, Римокатоличка бискупија во Нуакшот. Во државата нема повеќе од 200 Протестанти, меѓу кои и странци.
И покрај строгиот државен закон и терор против евангелизацијата, мавританските Христијани растат во бројот и се проценува дека има од 400 до 1000 етнички мавритански Христијани.[1] Во еден период од осум месеци, Miracle Channel, норвешко-шведски ТВ канал, емитувал христијански собири во мавританската пустина со по над 160 луѓе.[2]