Христијанството во Нигерија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Христијанството во Нигерија е доминантна религија во земјата. Христијаните во земјата сочинуваат од околу 40%[1] и 50.8%[2] од вкупното население. Христијаните се доминантни во јужните и централните делови на Нигерија. Нигерија го има најголемото христијанско население од која било африканска држава, односно над 80 милиони Христијани.[2] Во 1953 година Христијаните биле 21.4% а во 2010 50.8%.[2] Христијаните во централните и северните делови на Нигерија се соочиваат со прогон од страна на Муслиманите, особено по воведувањето на шеријатот во некои нигериски сојузни држави.[3] Забележани се убиства, насилства и малтретирања врз Христијаните.