Челепински Врв
планински врв на Шар Планина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Челепински Врв — планински врв на Шар Планина висок 2.554 метри. Се наоѓа во предлот наречен Челепино кој е сместен по сртот на главното шарпланинско било на кое се наоѓа границата меѓу Македонија и Косово, непосредно во западен правец над Боговињското Езеро. Самиот врв се наоѓа на карпест гребен чија надморска височина се движи помеѓи 2544 и 2487 метри. На север од него по сртот се наоѓа гребенот со врвовите Трапезица и Џинибег, додека кон југ продолжува и се поврзува со Рудока со разгранување кон Бориславец (Брустовец) на југоисток. Во негова близина постојат силен извор со двете Челепински езера.
Повеќе информации Челепински Врв ...
Челепински Врв | |
---|---|
Поглед на Челепински Врв непосредно од север | |
Висина | &100000000000025540000002.554 м |
Место | Македонија |
Венец | Шар Планина |
Прво освојување | непознато |
Затвори