Шизофренија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шизофренија — душевно растројство, кое се одликува со дизинтеграција на мисловните процеси и на емотивната реакција. Таа најчесто се манифестира како аудитивни халуцинации, параноични или бизарни илузии или неповрзан говор и мислење, придружени со значителна социјална и професионална нарушеност. Вообичаено, првите симптоми се јавуваат во почетокот на младоста, кои траат низ целиот живот од 0.3–0.7%. Дијагнозата се поставува врз основа на набљудување на однесувањето и искуството на пациентот.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Шизофренија | |
---|---|
Платно испишано од пациент на кого му била дијагностицирана шизофренија. | |
Специјалност | Психијатрија, Клиничка психологија |
Генетиката, опкружувањето во детството, биологијата на нервниот систем, психолошките и социјалните процеси се важни фактори за појава на шизофренија; некои лекови можат да предизвикаат појава на симптоми или да ги влошат истите. Најновите истражувања се фокусираат на улогата на биологијата на нервниот систем, иако, досега не е пронајдена ниту една причина од органско потекло. Бројните можни комбинации на симптоми предизвикале дебати за тоа дали дијагнозата претставува едно растројство или повеќе дискретни симптоми. Иако терминот води потекло од грчките корени skhizein (σχίζειν, "поделба") and phrēn, phren- (φρήν, φρεν-; "разум"), шизофренија не значи “разделување на умот” и не е исто што и растројство (поделба на личност) – исто така, познато како “подвоена личност”.
Лекувањето се заснова на антипсихотични лекови, кои примарно, го потиснува допаминот, а понекогаш и сератонинот. Психотерапијата и стручната и социјална рехабилитација се, исто така, важни во лекувањето. Во посериозните случаи – каде што постои ризик за поединецот и за другите – може да има потреба од присилна хоспитализација, иако престоите во болниците се пократки и поретки отколку што биле порано.
Се смета дека ова нарушување главно, влијае на сознавањето но, исто така, придонесува за хронични проблеми со однесувањето и емоциите. Најверојатно, луѓето болни од шизофренија, страдаат и други дополнителни (коморбидни) состојби, вклучувајќи поголема депресија и анкциозност; појавата на шизофренија, како резултат на користење дроги е во 50 % од случаите. Социјалните проблеми, како што се долга невработеност, сиромаштија или бездомништво, се најчести причини. Како резултат на поголемите физички здравствени проблеми и повисоката стапка на самоубиста (околу 5 %), просечниот животен век на луѓето со вакво нарушување е од 12 до 15 години пократок од оној на луѓето што го немаат.