Urbi et orbi
From Wikipedia, the free encyclopedia
Urbi et orbi, буквално преведено "до Градот (Рим) и до светот." била стандарден вовед на соопштенијата во Стариот Рим. Во денешно време овој термин се користи за да се нагласи некој документ издаден од страна на Ватикан кој е адресиран кон градот Рим и кон целиот свет.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Благословите за време на Велигден и Божиќ се одржуваат на Свети Петровиот плоштад во Рим. Дел од ритуалот на urbi et orbi е и проштевањето на гревовите.
Овие благослови кои се одвиваат за време на Велигден и Божиќ се пренесуваат низ целиот свет по пат на телевизија и радио. Проштевањето не се однесува само на луѓето кои се присутни на плоштадот Свети Петар туку и на сите луѓе кои ги следат молитвите преку радио или телевизија. Пред благословувањето Папата ги поздравува верниците низ целиот свет на сите јазици.
Urbi et orbi исто така се користи и за време на прогласувањето на нов папа на плоштадот Свети Петар.
Главниот дел од благословот завршува со зборовите Et benedictio Dei omnipotentis, Patris et Filii et Spiritus Sancti descendat super vos et maneat semper (Нека благословот на Семоќниот Господ, Отецот, Синот и Светиот Дух, биде со вас сега и засекогаш).