Јужна Полутопка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужната полутопка (или Јужна хемисфера[1]) е половината од планетата Земја која се наоѓа јужно од екваторот.
На неа целосно или делумно се сместени четири континенти (Антарктик, Австралија, највеќето делови од Јужна Америка и јужната половина на Африка), четири океани (Атлантскиот, Индискиот, Тихиот, и Јужниот) и речиси сета Океанија. Летото трае од декември до март, а зимата од јуни до септември. Пролетната рамноденица се јавува на 22 или 23 септември, а есенската рамноденица е на 20 или 21 март.