Анди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Андите се најдолгиот континентален планински венец во светот. Тие составуваат долг планински венец покрај западниот брег на Јужна Америка. Должината на планинскиот венец изнесува околу 7.000 километри и широк е од 200 до 700 километри. Просечната висина на планинскиот венец е околу 4.000 метри надморска височина. Највисок врв на Андите е Аконкагва со 6.962 метри надморска височина.
Кратки факти Земји, Градови ...
Анди Andes (шпански јазик) Anti Suyu (кечуански) | |
верига | |
Земји | Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор, Перу, Венецуела |
---|---|
Градови | Богота, Ла Пас, Сантјаго, Кито, Куско, Мерида |
Највисока точка | Аконкагва |
- местоположба | Аргентина |
- височина | 6.962 м |
- координати | 32°39′10″S 70°0′40″W |
Должина | 7.000 км |
Ширина | 500 км |
Сателитска снимка на јужните Анди.
|
Затвори
Самиот планински венец е поделен на неколку помали планински венци, па така често се одделуваат два големи наречени Западна Кордиљера и Источна Кордиљера кои се одделени од депресија. Андите се протегаат низ седум јужноамерикански држави: Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор, Перу и Венецуела кои се познати и како Андски држави.