Антон Павлович Чехов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Антон Павлович Чехов (Таганрог, Русија, 29 јануари (17 јануари по стар календар) 1860 - Баденвајлер, Германија, 15 јули 1904) — руски раскажувач, романописец и драмски писател, припадник на правецот натурализам.
Кратки факти Антон Павлович Чехов, Роден/а ...
Антон Павлович Чехов | |
---|---|
1898, маслена слика од Осип Браз | |
Роден/а | 29 јануари 1860
Таганрог, Русија |
Починат/а | 15 јули 1904
Баденвајлер, Германија |
Псевдоним | Антоша Чехонте |
Занимање | раскажувач, романописец и драмски писател |
Националност | Русин |
Период | 1887-1904 |
Книжевно движење | реализам, натурализам |
Затвори
Најпознати негови дела се драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“ и „Селани“.
Извршил големо влијание врз развојот на романот и драмската книжевност во светот. Во своите новели дава голем број одлики на руското секојдневие и цела галерија промашени, несреќни и несфатливи луѓе.