Археометрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Археометрија е збир од физички и хемиски методи кои во археологијата се применуваат за одредување на староста и составот на материјалот. Опфаќа геофизички методи кои се користат за проспекција на археолошки наоѓалишта и објекти: магнетометриски мерења и мерења на електричниот отпор на погребните структури (метални предмети, материјали кои гореле, јами и ровови исполнети со органска материја, ѕидови и гробници). Потоа хемиски и геохемиски методи за одредување на составот на материјалот, како и физичко-хемиски методи за датирање.
Најголемата база за извор на врски поврзани со археометријата е ArchNet Архивирано на 16 јули 2007 г., т.е.WWW Virtual Library of Archaeology, каде можат да се најдат релевантни врски за археометријата, подредени според извори, почнувајќи од установи, области и континенти.