Ајфелова кула
кула на Марсовото поле во Париз / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ајфелова кула (француски: Tour Eiffel) — железна кула изградена на т.н. Марсово Поле покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес претставува една од најпосетените туристички атракции.