Билбао
град во Шпанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Билбао — еден од најважните индустриски и туристички градови во Шпанија. Главен и најголем град е во шпанската покраини Баскија и индустриско средиште со рафинерии и развиена хемиска индустрија. По пописот од 2015 година, има 345 141 жител, што го прави најнаселен град на автомната заедница Баскија и десетти по големина во Шпанија. Она што го прави специфичен и посебен Билбао е неговата современа архитектура, како една од најзначајните културни средишта на Пиринејскиот Полуостров. Покрај тоа се наоѓа на подрачје со рудници богати со железо. Пристаниште Билбао е еден од најважните во земјата. Митското подрачје на Билбао го вклучува Билбао, што го прави петто урбано подрачје во Шпанија со 869.842 жители. Основан е од Диего Лопес де Аро ,глава на силното семејство Аро. Оттогаш, Билбао бил комерцијален центар кој бил од големо значење во Зелената Шпанија, воглавно благодарение на пристаништата или железото, кое било извезено од баскискиот каменолом. Во текот на 19 век и почетокот 20 Билбао доживел тешка индустриска индустријализација што го претворила во индустрискиот центар, после Барселона.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Денес Билбао е енергетски град чиј економски и општествен процес на ревитализација, кој започнал со основањето на легендарниот музеј Гугенхајм, е во тек. Процесот е продолжен со инвестиции во инфраструктурата, како што се аеродромот, трамвајската линија, Alhondiga и проектот кој е во фаза на рехабилитација, Water Front и Sorosaure.