Биохемија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Биохемијата е меѓудисциплинарна наука (гранка) на биологијата и хемијата чиј предмет на изучувањето се хемиските процеси и хемиските претворби кои се случуваат во живите организми.
Биохемијата е наука за структурата и функцијата на клеточните компоненти, како белковините, јаглехидратите, липидите, нуклеинските киселини и други биомолекули.
Иако постои голем број на биомолекули, тие сепак се изградени од истите повторувачки подединици (наречени мономери) поредени во различен редослед. Секоја класа на биомолекули има различен сет на подединици. Од неодамна, биохемијата е фокусирана на хемијата на ензимски катализираните реакции, како и на својствата на белковините.
Биохемијата на клеточниот метаболизам и ендокриниот систем се опишуваат многу детално. Други полиња на биохемијата се проучувањето на генетскиот код (ДНК, РНК), белковинската синтеза, транспортот низ клеточната мембрана и пренесувањето на сигналите во организмот.