Венсан Компани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Венсан Жан Мпуа Компани (француски изговор: [vɛ̃sɑ̃ kɔ̃pani]; роден на 10 април 1986 година) е белгиски фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Сити и на белгиската репрезентација.
Венсан Компани | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 10 април 1986(1986-04-10) (38 г.) | ||
Роден во | Укел, Брисел, Белгија | ||
Држава | Белгија | ||
Висина | 1.93 | ||
Позиција | Одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Андерлехт (играч-тренер) | ||
Број | 4 | ||
Младинска кариера | |||
Андерлехт | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003–2006 | Андерлехт | 73 | (6) |
2006–2008 | Хамбургер | 29 | (1) |
2008–2019 | Манчестер Сити | 264 | (18) |
2019– | Андерлехт | 15 | (1) |
Репрезентација | |||
2002 | Белгија 16 | 3 | (0) |
2004 | Белгија 17 | 2 | (0) |
2008- | Белгија | 89 | (4) |
Тренер на екипи | |||
2019- | Андерлехт (играч-тренер) | ||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Може да игра како централен бек и како дефанзивец поставен во средниот ред. За време на сезоната 2011/2012 на нему му е доделено капитенството на тимот на ФК Манчестер Сити и таа сезона тој го предводи тимот до освојувањето на првата Премиер лига по 44 години. Тој е претсетадел на фудбалскиот клуб БХ Брисел , како и сопственик, односно раководител на два белгиски спортски барови со име „Гуд Компани“. Компани ја започна неговата фудбалска кариера во ФК Андерлехт и во белгискиот клуб остана 3 години пред да се пресели во Германската Бундеслига, во 2006 година во клубот ФК Хамбургер во 2006 година. За време на летото 2008 година, на возраст од 22 години, се комплетира трансферот со кој Компани станува член на неговиот сегашен клуб, тимот на ФК Манчестер Сити од Англиската Премиер Лига. По ова тој постепено станува суштински дел од составот на ФК Манчестер Сити како и еден од најевтините трансфери од револуцинерната ера на ФК Манчестер Сити. Компани беше дел од Тимот на Годината во Премиер Лигата (Premier League Team of the Year) двапати по ред, односно во 2011 и 2012 година, а тоа повторно се случи и во 2014 година а и ја има освоено наградата за играч на годината во Премиер Лигата во 2012 година. Компани го зазема 23-то место во списокот на „Најдобрите 100 Играчи во Светот“ која е направена од Гардиан.