Глобализација
процес на меѓународа интеграција која настанала од замената на светските погледи, производи, идеи и други културни аспекти / From Wikipedia, the free encyclopedia
Глобализација е поим кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената трговија и културна размена. Во конкретен економски контекст, таа се однесува речиси исклучиво на ефектите на трговската либерализација, односно на слободната трговија. Помеѓу 1910 и 1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси, значењето и интензитетот на трговската размена биле сведени на минимум. По Втората светска војна, светската економија зајакнала и драматично се зголемила, сето тоа со помош на меѓународните економски институции и програми.